Search

Кремљ: Ердоган наскоро ќе ја посети Москва

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган наскоро ќе ја посети Москва за да разговара со шефот на руската држава Владимир Путин, соопшти денеска Кремљ.

Во соопштениеот на Кремљ се нагласува дека точниот датум на посетата на Ердоган на Русија се уште не е договорен.

Русија и Турција се едни од клучните актери во конфликтот во Сирија. Двете земји лани во септември договорија создавање демилитаризирани зони во реоните на линијата на фронтот меѓу сириските владини сили и бунтовниците.

Ваквиот договор меѓу Москва и Анкара ги принуди сириските власти да се откажат од планираната офанзива врз позициите на бунтовниците во провницијата Идлиб.

Во сирискиот конфликт Русија е сојузник на властите во Дамаск, додека Турција поддржува дел од бунтовничките групи.

Треба да знаете
Последни објави