Search

Крводарителска акција утре во Општина Кисела Вода

Утре во големата сала на Општина Кисела Вода од 11:00 до 15:00 часот ќе се одржи крводарителска акција на која граѓаните ќе можат да ја покажат хуманоста, да даруваат крв, да спасат нечиј живот.

Имено, оваа акција традиционално ја организираат Општина Кисела Вода и општинската организација на Црвен крст- Кисела Вода во соработка со Заводот за трансфузиологија-Скопје.

Локалната самоуправа ги повикува сите заинтересирани хумани граѓани кои се можност да се приклучат на утрешната акција.

Треба да знаете
Последни објави