Search

Крводарителска акција во Центар Жупа, собрани 15 крвни единици

Општинската организација на Црвен крст Дебар, во соработка со Институтот за трансфузиона медицина, денеска спроведе крводарителска акција во Центар Жупа.

– Екипата на Институтот беше сместена во просториите на Клубот на пензионери. Денешната акција може да се оцени како добра, бидејќи собрани се 15 крвни едници, а десеттина лица и покрај желбата да ја даруваат дргоцената течност, главно поради висок крвен притсок беа вратени, вели Исни Телќиу секретар на дебарскиот Црвен крст.

Според него, до сега спроведени се четири крводартелки акции од кои три во Дебар, додека до крајот на годинава планирани се уште четири.

Телќиу додава дека во изминатиот период од годинава, вклучително денеска, се собрани над 300 крвни единици што е околу 60 отсто од годишниот план.

Инаку, Дебар со години по ред е меѓу најхуманите општини на полето на крворадувањето, зашто годишниот план не само што целосно се исполнува, туку се прибираат во просек и до 20 отсто повеќе крвни едници од планираните.

Треба да знаете
Последни објави