Search

Крај на регуларната сезона во НБА: Познати двојките за плејофот

Синоќа и официјално заврши регуларната сезона во НБА лигата. Сите учесници во плејофот се познати, сите тимови ги знаат своите противници и само го чекаат моментот кога ќе започне разигрувањето за титулата.

 

Конечно дојдовме до крајот на оваа многу возбудлива сезона во НБА лигата. Фаворитите ја оправдаа својата улога, половина од лигата изгледаше незаинтересирана во последниот месец од сезоната, а само еден збор може да ја опише оваа година на Лос Анџелес Лејкерс – хаос.

На последниот ден од сезоната Детроит Пистонс го потврди своето учество во плејоф, преку победата во Њујорк со резултат 115:89. Ова е прво учество во плејофот за Пистонс од 2016 година наваму, како и прво учество во плејофот за Блејк Грифин со тим што не се вика Лос Анџелес Клиперс.

Во плејофот ќе имаме шанса да видиме неколку интересни дуели, а најголемо внимание привлекуваат сериите помеѓу Бостон Селтикс и Индијана Пејсерс, како и Хјустон Рокетс против Јута Џез. Помеѓу другите, тука е и тимот на Сан Антонио Спарс, кој вкрстува со изненадувањето на сезоната – тимот на Денвер Нагетс.

Останати резултати:

Атланта Хокс – Индијана Пејсерс 134:135

Бруклин Нетс – Мајами Хит 113:94

Шарлот Хорнетс – Орландо Меџик 114:122

Филаделфија Севентисиксерс – Чикаго Булс 125:109

Мемфис Гризлис – Голден Стејт Вориорс 132:117

Милвоки Бакс – Оклахома Сити Тандер 116:127

Сан Антонио Спарс – Далас Маверикс 105:94

Денвер Нагетс – Минесота Тимбервулвс 99:95

Лос Анџелес Клиперс – Јута Џез 143:137 (по продолжение)

Портланд Трејл Блејзерс 136:131

 

Двојки за плејофот:

Западна конференција:

Голден Стејт Вориорс – Лос Анџелес Клиперс

Денвер Нагетс – Сан Антонио Спарс

Портланд Трејл Блејзерс – Оклахома Сити Тандер

Хјустон Рокетс – Јута Џез

Источна конференција:

Милвоки Бакс – Детроит Пистонс

Торонто Репторс – Орландо Меџик

Филаделфија Севентисиксерс – Бруклин Нетс

Бостон Селтикс – Индијана Пејсерс

Треба да знаете
Последни објави