Search

Крај на легендарниот Томос, компанијата оди под стечај

Стечајот чукна на вратата на легендарната фабрика за мопеди и мотоцикли ,,Томос”, која беше на врвот во поранешна Југославија, а ,,иконите” на две тркала од 80-тите и 90-тите години заминуваат во историјата.

Компанијата во последно време се соочуваше со бројни проблеми,а од неодамна го запре производството и замина во стечај. Предлогот на стечај го дадоа работниците, на кои не им се исплатени плати ниту регрес.

Компанијата пред судот во определниот рок не докажа дека е платежно способна, поради што е донесена пресуда за стечај. Поради замрзнатите трансакциски сметки компанијата ,,Томос” во последно време не можела да ги исполнува нарачките, а во потрага биле и по стратешки партнер.

Треба да знаете
Последни објави