Search

Краток спој можеби го предизвикал пожарот во Нотр Дам

Француските иследници ја разгледуваат веројатноста можна причина за пожарот што избувна во катедралата Нотр Дам претходно неделава да бил краток спој во електричната инсталација, пренесува „Ле Паризиен“.

„Можеби имало краток спој. Истражувачите покренуваат прашања за механизмите за подигање што се користеле во поправката”, вели еден извор на весникот.

Претходно од градежната компанија „ Europe Echafaudage”, која беше ангажирана во обновувањето на катедралата, изјавија дека ги исполниле сите безбедносни услови и протоколи.

Катастрофалниот пожар во Нотр Дам избувна во понеделникот вечерта и резултираше со колапс на шпицестата кула на катедралата и две третини од покривот.

По трагичниот пожар, француските власти, стопанствениците, јавните организации и здруженијата кои водат кампања за заштита на историски споменици, веднаш почнаа да собираат средства за обновување на иконската катедрала.

Треба да знаете
Последни објави