Во кратовското село Којково синоќа починал С.С.(51) откако бил прегазен од возило Zastava 750.
Според пријавата во полицијата, С.С. бил на гости кај Б.И. од село Којков, тргнал да си оди и влегол во своето возило Zastava 750, го стартувал, но веднаш излегол од возилото и тргнал кон куќата на Б.И. Во тој момент, возилото се придвижило во правец на С.С., го удрило, при што тој починал на местото на настанот.