Search

Краткометражни филмови и омнибус базиран на расказите на Георги Господинов на програмата на ФФФ

Деветтото издание на Филозофски филмски фестивал, кој се одржува од 9-16 мај во Кинотека, влегува во втората недела.

Од филозофското друштво на Македонија, кое е главен организатор на фестивалот, информираат дека неговиот петти ден ќе биде одбележан со Првата вечер од Официјалната селекција на краткометражни филмови (18:30).

Публиката ќе може да проследи 9 филмови, внимателно избрани од страна на селекторот Дејан Здравков, од неколку земји – Непал, Шпанија, Русија, Португалија, Узбекистан, Германија, Кореја и два филма од Белгија.

Ревијално, на почетокот ќе биде прикажан многунаградуваниот македонски краткометражен филм „Кружно патување на монахот“ од Жарко Иванов.

Нешто подоцна во текот на денот, поточно 21:30 часот, е термин резервиран за компетитивната селекција на долгометражни филмови, односно четвртиот селектиран филм.

Треба да знаете
Последни објави