Search

Крамп-Каренбауер: ЦДУ на конгрес на 25 април ќе избира нов лидер

 – Претседателката на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) Анегрет Крамп-Каренбауер денеска изјави дека партијата на 25 април ќе го оддржи конгресот на кој ќе се избира новиот претседател и додаде дека тие кои сакаат да се кандидираат тоа треба да го сторат неделава.

Крамп-Каренбауер изјави дека изборот на претедателот на ЦДУ на претстојниот конгрес ќе биде сигнал за тоа кој од партијата на Ангела Меркел ќе се кандидира за канцелар на сојузните избори следната година, пренесуваат британскикте медиуми.

Расправата за наследникот во врвот на ЦДУ беше отворена на почетокот на овој месец, кога Крамп-Каренбауер неочекувано соопшти дека нема да ја наследи својата менторка, германската канцеларка Ангела Меркел.

Треба да знаете
Последни објави