Search

Кралското семејство во даночни проблеми

Членовите на британското кралско семејство поминуваат низ кошмар откако дознаа дека американските официјални власти се обидуваат да земат дел од неколкумилионската сума пари која изминатата година ја заработија принцот Хари и Меган Маркл.

Имено, војвотката од Сасекс сè уште официјално е државјанин на САД, што значи дека таа е должна да плаќа данок во САД, а приходите може да се прошират на сите од кои добила пари, вклучувајќи го и нејзиниот сопруг.

Оваа правна ставка, секако, може да ги исцрпи нејзините пет милиони американски долари, колку што заработи во Америка, како и главниот извор на приходи на принцот Хари – 300.000 фунти годишно, колку што добива од Фондацијата, а на што плаќа данок во Велика Британија. Истрагата може да се прошири и на кралицата, како и на принцот Чарлс, бидејќи и тие ја финансираа брачната двојка. Поради сето ова, кралското семејство ангажираше американски финансиски експерти за да го решат овој проблем.

Сè додека официјално не стане британски државјанин, Меган Маркл ќе мора секоја година да пријавува данок во Америка.

Некои одат толку далеку што тврдат дека ќе треба да го пријави и скапоцениот свршенички прстен, како и венчалниот фустан.

Треба да знаете
Последни објави