Search

Кралскиот готвач открил детали за кралицата: Јаде банана со вилушка бидејќи “не сака да изгледа како мајмун”

Поранешниот готвач на кралското семејство, Дарен Мекгрејди открил интересни детали за британската кралица Елизабета Втора и нејзините специфични прехранбени навики.

За разлика од нејзиниот маж Филип, кралицата не е гурман и не ужива премногу во храната.

“Таа јаде за да преживее, принцот Филип е тој кој обожува да јаде. Кралицата повеќе ужива во организација на свечени вечери отколку самата вечера”, изјавил Мекгрејди.

Освен тоа, готвачот во својата книга, од 2007 година открил дека британската кралица обожува да јаде слатко, а особено е “луда” по чоколадната торта која ѝ е омилен десерт.

“Важно е само чоколадата во десертот да биде темна. Кралицата не сака млечна чоколада ниту онаа со вкусови”, напишал тој во книгата.

Готвачот кој за кралското семејство работел повеќе од 15 години изјавил дека кралицата не сака да јаде лук, тестенини и компири, но затоа секој ден ужива во чаша скап шампањ.

Она по кое таа е посебна е начинот на кој јаде банани. Имено, Елизабета Втора секогаш го консумира ова овошје со вилушка и нож бидејќи не сака да “изгледа како мајмун”, пренесува познат медиум.

Мекгрејди открил дека таа најпрвин ги сече краевите на бананата со нож, а потоа почнува да ја лупи и консумира.

Треба да знаете
Последни објави