Search

Кралот на Јордан ја откажа посетата на Романија

Кралот на Јордан Абдула Втори ја откажа посетата на Романија во знак на протест поради тоа што романската премиерка Виорика Данчила го поддржа признавањето на Ерусалим како главен град на Израел.

Кралскиот Хашемитски суд соопшти дека одлуката доаѓа во време на „солидарност со Ерусалим”.

Данчила на прес-конференција во Вашингтон изјави дека нејзината држава ќе ја пресели амбасадата од Тел Авив во Ерусалим, а подоцна се обиде да ја ублажи изјавата велејќи дека тоа е нејзин личен став.

Треба да знаете
Последни објави