Search

„Кралот на Циганите“ Фјури го нокаутираше Вајлдер и пак е „крал„ на боксот

„Кралот на Циганите“ сега е и крал на боксот. Британскиот боксер Тајсон Фјури во фантастична претстава во Лас Вегас, успеа со нокаут во седмата рунда да го нокаутира Деонтеј Вајлдер и со тоа стана светски првак.

Британецот во 2015 година стана сензационален шампион откако го победи Владимир Кличко, но потоа поради зависност од дрога ги изгуби титулите.

Во текот на целиот меч Британецот беше подобар, „танцуваше“ по рингот во МГМ салата во Градот на коцката, двпати го натера Американецот да биде во нокдаун, а во седмата рунда и го нокаутираше.

Уште во воведниот дел се виде дека Вајлдер, досегашниот светски првак тешко дека ќе победи на овој меч, единствено во втората рунда успеа некако да се врати, но потоа се до крајот, се до нокаутот, Тајсон Фјури беше тој што „командуваше“ на рингот и постојано ја имаше предноста. Инаку ова е првиот пораз на Вајлдер во неговата кариера.

„Му благодарам на Исус, тие кои стојат во мракот никогаш нем ада излезат на светло. Му честитам на Вајлдер, покажа дека има срце на шампион, тој ќе се врати зошто е голем борец. Но сега кралот се врати на престолот“ изјави Фјури.

Додека Вајлдер потенцираше…

„Не сум добро, но тоа се случува. Вечерва противникот беше подобар, не влегов во борбата најподготвен, но така е тоа , некогаш и најголемите ќе паднат“.

Треба да знаете
Последни објави