Search

Кралицата смета дека Меган Маркл се облекува несоодветно

Кралицата смета дека Меган Маркл се облекува несоодветно

Меган Маркл одвреме-навреме ги крши кралските правила, но кога станува збор за нејзиниот моден стил, таа главно добиваше пофалби од јавноста. Сепак, кралското семејство верува дека Војвотката на Сасекс не се облекува соодветно.

https://www.instagram.com/p/BqX6i83FiE3/?utm_source=ig_embed

Во палатата Кенсингтон се зборува дека не се воодушевени од изборот на гардеробата на Меган. Поконкретно, тим од модни експерти од кралското семејство, наводно, ја предупредил Меган да обрне внимание на облеката што ја носи во јавноста.

https://www.instagram.com/p/BqZTrixFRHJ/?utm_source=ig_embed

„Тие и рекле дека мора да се облекува помалку како холивудска ѕвезда, а повеќе како член на кралското семејство”, според „Дејли мејл“.

Ова е, според медиумите, произлегува од кралицата Елизабета Втора, која, наводно, не го одобрува модниот стил на сопругата на Хари. На кралицата и пречи што Меган носи црно дури и кога не е во жалост, што носи здолништа кои ги откриваат нејзините нозе и што не носи шапки кога е потребно.

Треба да знаете
Последни објави