Search

Кралицата по болничките „прелиминарни прегледи”, се врати во замокот Виндзор

Британската кралица Елизабета Втора, која беше во болница на „прелиминарни прегледи”, се врати во замокот Виндзор, соопшти Бакингемската палата.

„Кралицата отиде в болница во средата попладне на прелиминарни прегледи и се врати во Виндзор напладне во четвртокот, и таа е во добро расположение”, се вели во краткото соопштение на палатата, објавено доцна синоќа.

Кралицата Елизабета Втора (95) завчера „неволно” го прифатила советот на лекар да одмори неколку дена и да ја откаже посетата на Северна Ирска.

Кралицата мина период во карантин поради коронавирусот во замокот Виндзор во близина на Лондон, а и покрај гласините дека ќе се пензионира по смртта на нејзиниот сопруг Филип, Елизабета Втора неодамна учествуваше во бројни јавни обврски.

Треба да знаете
Последни објави