Search

Кралицата испрати ретка порака до возачот на Формула 1, Луис Хамилтон

Кралицата испрати топла порака до британскиот возач Луис Хамилтон, кој неодамна влезе во историјата на Формула 1 по бројот на освоени шампионски титули, додека голем број навивачи повикуваат спортистот да биде прогласен за витез, пренесуваат британски весници.

Кралицата во неделата му честиташе на светскиот шампион за освојувањето на турското Гранд При со твит споделен на Твитер профилот на Кралското семејство.

Монархот напиша: „Честитки за седумкратниот освојувач на титулата Светски шампион во Ф1, Луис Хамилтон, со рекорден број победи на трки, какво неверојатно достигнување!“

Хамилтон веднаш одговори на пораката: „Каква неверојатна чест. Ви благодарам многу. ”

Добрата желба на фановите наиде на критики на некои од корисниците на Твитер, кои тврдат дека возачот на Формула 1 „никогаш не треба да биде витез“ и дека тој „избегал во Монако поради законите за даноци во Велика Британија“.

Сепак, овие тврдења не се докажани.

Многу други ги отфрлија шпекулациите дека тој се обидува да избегне плаќање данок во Велика Британија, и ѝ се заблагодарија на кралицата дека му оддаде признание на неговите достигнувања.

Некои навивачи дури ја повикаа крлицата да му понуди на Хамилтон витештво за претставување на нацијата во спортот.

Претседателот на Моторспорт Велика Британија Дејвид Ричардс и Парламентарната група на сите партии за Формула 1 му напишаа писмо на премиерот Борис Џонсон среде кампањата Хамилтон да биде прогласен за витез во Новогодишните почести.

Треба да знаете
Последни објави