Search

Кралицата Елизабета научи видео повици со помош на принцезата Ана

Кралицата Елизабета Втора научиа како да ја користи апликацијата видео разговор со помош на нејзината ќерка, принцезата Ана.

94-годишната монархиња е приморана да користи најнова технологија за да комуницира со своите најблиски и да присуствува на социјално дистанцирани кралски ангажмани за време на пандемијата на коронавирус.

Локалните медиуми открија дека нејзината 69-годишна ќерка принцеза Ана ја научила на основите на видео повик.

На видео клип од претстојниот документарен филм „Ана: Кралската принцеза на 70 години“, кој ќе биде прикажан пред роденденот на Ана на 15 август, може да се види кралицата како се приклучува на Вебекс конференцијата за да ја одбележи Неделата на негуватели претходно оваа година.

Таа им се обраќа: „Добро утро. Многу ми е драго што успеав да ви се придружам“.

Треба да знаете
Последни објави