Search

Кражба среде бел ден: Украдена вредна слика од галеријата „Третјаков“

Ретка слика од славниот руски сликар Архип Куинџи исчезна среде бел ден од галеријата „Третјаков“ во Москва додека десетици посетители уживале во изложбата, потврди руското Министерство за култура за РТ.

Ги проверуваме информациите за исчезнувањето на една од сликите на Куинџи од колекцијата на Рускиот музеј која е изложена во галеријата ‘Третјаков’“, изјавио директорот на Одделението за музеи при Министерството за култура, Владислав Кононов.

Тој го потврди исчезнувањето на сликата „Ај Петри“, како и дека во галеријата „ Третјаков“ се наоѓат голем број полицајци. Според проценките на некои експерти, сликата вреди околу 500-750 илјади долари.

Медиумите велат дека кражбата е изведена на многу дрзок начин. Непознато лице- високо, русокосо момче на дваесетина години- ѝ се доближило на сликата, ја симнало од ѕидот, ја извлекло од рамката и ја сокрило. Посетителите што во тој момент биле во близина мислеле дека станува збор за вработен во музејот и дури по неколку минути сфатиле дека станува збор за кражба.

Во тек е потрага низ целата руска престолнина. Полицијата се сомнева дека во кражбата можеби се вклучени две лица, пишува „Тас“, и дека соучесник бил некој вработен во музејот.

Архип Куинџи (1842-1910) е еден од најпознатите руски сликари од 19. и почетокот на 20. век. Куинџи е многу скап уметник, бидејќи неговите дела ретко се појавуваат на пазарот или во приватни збирки, вели експертот за ликовни уметности, Сергеј Подстантиски, за радиото „Говорит Москва“. Неколку години назад, колекционер добил 1 милион долари за слика на Кујнџи со иста големина како украдената.

Украдената слика „Ај Петри. Крим“ е насликана меѓу 1898 и 1908 година и е дел од т.н. “Кримски период“ на Куинџи. На неа е прикажано едно од главните обележја на полуостровот – планината Ај-Петри, висока 1,234 метри.

Сликата се чуваше во Рускиот музеј во Санкт Петербург, а во Москва беше дел од изложба на пејзажи

 

Треба да знаете
Последни објави