Search

Крадци украле оружје од пункт, додека кенијските полицајци гледале Лига на шампиони

Искушението во живо да ги следат четвртфиналните натпревари од Лигата на шампионите на телевизија, поточно дуелите во кои настапуваа фудбалските ѕвезди Лионел Меси и Кристијано Роналдо, било премногу големо, па група кенијски полицајци ја напуштиле својата станица, што било искористено од страна на вешти крадци.

Инцидентот се случил во вторникот навечер откако полицијците се самоорганизирале и ја затвориле полициската станица во Каморвон во западниот дел на Кенија и заминале во кафуле во кое се следеле фудбалските натпревари.

И додека во блискиот трговски центар полицајците ги гледале двата натпревара – Манчестер Јунајтед против Барселона и Јувентус против Ајакс, крадци влегле во станицата и зеле три пушки и муниција, се вели во извештајот на локалните власти.

Други полицајци биле испратени во потрага по крадците, но засега не е познато дали нивните колеги и страствени фудбалски фанови ќе бидат казнети.

Европскиот фудбал, посебно англиската фудбалска лига, е многу популарна во Кенија и низ целиот африкански континент.

Треба да знаете
Последни објави