Search

Коњаниците интензивно се подготвуваат за Илинденскиот марш

Дваесет коњаници се избрани на конкурсот за пријавување учесници на традиционалниот Илинденски марш што оваа година ќе се одржи по 41 пат.

Коњаниците наскоро ќе почнат интензивни подготовки покрај кејот на реката Вардар. Коњичкиот марш како и секоја година ќе стартува на 27 јули од Општина Аеродром и ќе заврши на 2 август во Крушево, каде коњаниците ќе се приклучат на прославата на најголемиот македонски национален празник – Илинден.

Организатор на манифестацијата е Здружението на граѓани од Горно Лисиче „Илинденски марш 1978“, а Општина Аеродром и Град Скопје и оваа година финансиски ќе го поддржат овој традиционален настан.

Треба да знаете
Последни објави