Search

Кој е за пижами? Церемонијата на наградите „Еми“ ќе биде виртуелна

Церемонијата на доделување на „Еми“ наградите во септември е најновата жртва на пандемијата на коронавирус, а ова може да значи и дека некои селебрити-личности ќе се појавуваат во пижами од нивните спални соби.

Холивудската публикација „Варајати“ во средата објави дека водителот Џими Кимел и продуцентите на телевизискиот пренос (телекаст) од 20 септември ги известиле номинираните за престижните награди „Еми“, познати како ТВ-оскари, потврдувајќи дека нема да има традиционален собир во Лос Анџелес.

„Како што веројатно и веќе претпоставувавте, ние нема да ве замолиме да дојдете во театарот „Мајкрософт “ во центарот на Лос Анџелес на 20 септември,“ стои во писмото до сите номинирани, цитирано од „Варајати“.

„И оваа година 20 септември ќе биде најголемото ноќно излегување на ТВ-индустријата … но ние ќе дојдеме кај вас!“

Во писмото стои и дека продуцентите планираат да ги снимаат номинираните дома или друга локација по нивни избор.

Писмото уследи еден ден по објавата на номинациите, а меѓу нив водат драмската серија „Чувари“, комедијата „Прекрасната госпоѓа Мејзел“, крими-драмите „Озарк“ и „Наследници“. Многумина од номинираните се британски актери, режисери или писатели.

Серијата „Чувари“ на „ХБО“ успеа да добие 26 номинации. Втора на врвот е серијата „Прекрасната госпоѓа Мејзл“ со номинации во 20 категории, додека „Озарк“ и „Наследници“ имаат по 18.

Во ривалството меѓу стриминг платформите „Нетфликс“ и „ХБО“ се случи драматичен пресврт. Откако Телевизиската академија ги објави номинациите во вторникот, „Нетфликс“ се најде на врвот со неверојатни 160 номинации, а „ХБО“ е втор со 107 номинации.

Треба да знаете
Последни објави