Search

Кој го фарба Боки 13 во Шутка?

Бојан Јовановски можеби има проблеми со желудникот и постојано е на пат Клинички центар- Шутка, но со фризурата се е во ред. Иако веќе три месеци е во притвор во „Истражниот затвор Скопје“ денес се појави пред Вилма Русковска скоцкан како на денот кога беше уапсен. Со бланширана кратка коса тазе исфарбана.

Го прашавме директорот на затворот „Шутка“ Еско Рахиќ дали во затворот има фризер кој ги фарба затворениците, но одговор не добивме.

Така останува отворено прашањето кој го фарба и бланшира Боки во Шутка на две недели бидеќи фризерите велат дека за таква фризура и боја мора постојано одржување?

(В.А.)

Треба да знаете
Последни објави