Search

Која е најдобрата храна за пушачи?

Крајот на годината е одлично време да се преиспитате што правите и колку квалитетен живот живеете. Ако сте пушач и сакате да се откажете од оваа нездрава навика, помогнете му на телото што е можно побрзо да се исчисти од никотинот.

Во вашата исхрана внесете ги овие намирници за да му обезбедите на телото доволно хранливи материи и витамини за да закрепне од нанесената штета. Ако не сте подготвени да ги оставите цигарите, сепак придржувајте се до овие совети за да ја минимизирате штетата од пушењето.

Спанаќ

Фолната киселина е многу важна за нормален раст и развој на телото, но исто така му помага на организмот да се ослободи од никотинот. Спанаќот содржи големи количества фолна киселина.

Брокула, карфиол и зелка

Овие три сродни видови зеленчук содржат полифеноли што докажано помагаат во борбата против воспаленија во системот за варење, а содржат и антиоксиданси што го чистат телото од токсини. Најдобро е да ги готвите со минимална термичка обработка за да ги задржат хранливите материи и витамините.

Зелен чај

Со пушењет телото губи повеќе течности и побрзо дехидрира. Зелениот чај треба редовно да се наоѓа во вашето мени на течности бидејќи содржи антиоксиданси што го прочистуваат организмот.

Морков

Никотинот ја уништува кожата и ја прави безживотна и сува. За да ја освежите кожата јадете моркови кои содржат витамини A, K, C и B. Најдобро е да ги јадете свежи, во салата со јаболко и лимон или како туршија.

Киви, лимон, портокал

Цигарите ги „крадат“ витамините A, C и E кои го зајакнуваат имунитетот и му помагаат на телото да се бори со инфекции. Ако имате недостиг на овие витамини чувствувате замор и поспаност. Затоа ви треба „витаминска бомба“ што ќе ја надомести таа загуба. Јадете киви, портокал и лимон кои се богати со овие витамини и ќе забележите разлика во хидрираност и свежина на кожата, концентрација во работењето и отпорност на организмот.

Треба да знаете
Последни објави