Search

Коѕијас: Сега дојде време да се каже големото „да“ или големото „не“

Коѕијас: Сега дојде време да се каже големото „да“ или големото „не“

Министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас, во вечерашното интервју за грчката државна телевизија ЕРТ, изрази убеденост и надеж дека во наредните денови може да дојде до решение на прашањето за името.

На прашањето зошто и натаму се одложува телефонскиот разговор меѓу премиерите на Македонија, Зоран Заев и на Грција, Алексис Ципрас, Коѕијас изјави дека по рамката за договор што беше утврдена на неговите средби со македонскиот министер за надворешни работи, Никола Димитров во Њујорк и Брисел, сега дојде време да се каже големото „да“ или големото „не“.

– Очигледно владата на соседната земја се соочи со некои тешкотии и размислува за некои ревизии на договорот, но верувам и се надевам дека за неколку дена сѐ ќе се надмине – рече Коѕијас.

Тој додаде оти сѐ додека нема потписи на договорот, никој не може да каже дека сѐ е готово.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, министерот за надворешни работи на Грција не сакаше да открие кое е договореното име бидејќи „тоа е вклучено во пакетот и ќе треба да го објават двете влади, односно двајцата премиери“.

Од пакетот пет имиња предложени од медијаторот Метју Нимиц, Коѕијас рече дека во игра се три („Република Северна Македонија“, „Република Горна Македонија“ и „Република Нова Македонија“), откако „Република Македонија (Скопје)“ било отфрлено од грчка, а „Република Вардарска Македонија“, од македонска страна.

Во голем дел од интервјуто, што е во тек, Коѕијас зборуваше дека претходните грчки влади прифаќале многу неповолни решенија за Грција, па дури и прифаќале разговори за двојна формула.

Треба да знаете
Последни објави