Search

Коѕијас: По спорот со името, ќе го отвориме и кипарското прашање

Кипарското прашање треба да се реши, заклучија министрите за надворешни работи на Грција и Русија, Никос Коѕијас и Сергеј Лавров, за време на средбата во Москва.

„И Русија и Грција повикуваат на решавање на долготрајниот кипарски проблем, врз основа на резолуциите на Советот за безбедност на Обединетите Нации и договорите меѓу двете зедници на островот“, изјавил Лавров по средбата со Коѕијас.

Грчкиот министер, пак, од своја страна истакнал дека штом е можно да се постигне напредок во прашање какво што е спорот со името, тогаш другите регионални проблеми, како оние со Кипар и Албанија, исто така можат да се решат.

Според Коѕијас стабилноста на Балканот, може да придонесе сите земји да растат заедно.

Треба да знаете
Последни објави