Search

Коѕијас: Оставката е чин на одговорност

 Поранешниот шеф на грчката дипломатија, Никос Коѕијас, на неговиот официјален профил на социјнана мрежа пишува за поткопување на честа, репутацијата и достоинството со лаги и клевети и објаснува дека „оставката е чин на одговорност“.

„Со лаги, клевети ја поткопуваат мојата чест, репутацијата и достоинството. Изнудувачи, корумпирани, ‘пиштоли на системот’ го поткопуваат достоинството и честа на оние кои се противат. Така, удираат по функционирањето на демократијата. Оставката е чин на одговорност“, напиша Никос Коѕијас на неговиот официјален  профил, без да прецизира на што и на кој се однесува оваа негова порака.

За објавата на поранешниот шеф на грчката дипломатија, реагираа од опозициската Нова демократија, прашуваат кои се „уценувачите и корумпираните“ и уште еднаш, индиректно, бараат да се објави оставката на Коѕијас.

„Зошто беше отстранет господинот Коѕијас и на кого мисли поранешниот министер кога вели ‘изнудувачи и корумпирани’ кои ‘удираат по демократијата’? Сѐ додека не се објавува писмото со оставката на Коѕијас, се потврдува дека Ципрас, Коѕијас и Каменос, меѓусебно се уценуваат за да не се открие вистината“, соопштуваат од Нова демократија.

Поранешниот министер за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас кој е и лидер на движењето на идеи и активности „Прато“, вечерва ќе одржи говор во Ираклио, на грчкиот остров Крит. Настанот е организиран од неговото движење, а ќе говори на тема „Грција во свет кој се менува“.

Треба да знаете
Последни објави