Search

Коѕијас и грчкиот претседател разговарале за договорот за името

Грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕијас, бил примен на средба со грчкиот претседател, Прокопис Павлопулос, за да разговараат за ситуацијата со договорот за името, пишува грчки весник.

Извори од претседателството во Атина за весникот го потврдиле одржувањето на средбата, но не презентирале подетални информации за текот на дискусијата помеѓу двајцата политичари.

Претходно минатата недела Коѕијас го обвини министерот за одбрана, Панос Каменос, за поткопување на владините позиции во однос на договорот. Лидерот на Независни Грци го навлече гневот на својот коалициски партнер Сириза поради алтернативниот план за договорот, презентиран во рамки на неговата посета во Вашингтон.

Треба да знаете
Последни објави