Search

Кошорок: Словенија ќе остане „нуклеарна земја”

Словенечкиот министер за инфраструктура Блаж Кошорок говорејќи за евентуален втор нуклеарен реактор во централата Кршко, наведе дека Словенија е „нуклеарна земја” и тоа ќе остане.

Тој додаде дека е убеден оти на Словенија и е потребен реактор и побара дебата заснована на факти, а не политизирање на прашањето.

Словенечката Влада неодамна на листата на стратешки проекти додаде нов нуклеарен реактор во Кршко, но проектот беше стопиран поради пандемијата со Ковид-19.

Кошорок истакна дека тоа не значи дека е донесена конечна одлука.

Тој додаде дека Агенцијата за животна средина ќе го процени влијанието врз животната средина и ќе има доволно свест за важноста за нуклеарната енергија за Словенија.

Треба да знаете
Последни објави