Search

Кошмарната сезона на Леброн Џејмс

– Леброн Џејмс потпиша со Лос Анџелес Лејкерс со големи очекувања, а надежта на сите фанови на „езерџиите” беше дека сушата од пет последователни сезони без плејоф конечно ќе заврши. Тоа така и не се случи и иако во Ел Еј освоија два натпревари повеќе од претходната кампања, повторно нема да учествуваат во елиминациите, додека „кралот” ќе стави точка на неколку импресивни серии, во кои се наоѓа.

Во продолжение на четиринаесет години, тој секогаш ја освојуваше барем еднаш наградата „Играч на месецот” во конференцијата, но во сезоната 2018/2019 тоа не се случи ниту еднаш.

За истиот период Џејмс секогаш земаше и барем едно признание за „Играч на неделата” – нешто што не успеа да го направи при својата деби сезона во Западната конференција.

Серијата од тринаесет последователни учества во плејофот исто така заврши, заедно со таа од осум последователни години во НБА финалето.

Тринаесет последователни сезони, Џејмс завршуваше во Топ 5 при гласањето за „МВП” на сезоната, а многу веројатно е тоа да не се случи оваа година.

Триесет и четири-годишното крило влегува и во првиот најдобар тим на сезоната во последните 11 сезони, но и тоа изгледа како „невозможна мисија” сега, иако неговите индивидуални индикатори во никој случај не се лоши – 27.4 поени, 8.5 скока и 8.3 асистенции .

Леброн сепак одигра само 55 натпревари за Лејкерс, откако пропушти неколку дуели поради повреда, а на крајот на регуларната сезона тој и тренерскиот штаб одлучија да му дадат одмор и да не го вклучуваат во финалните натпревари на тимот.

Треба да знаете
Последни објави