Search

Кошаркарите на Бадел 1862 испишаа клупска историја во Јадранската лига

Македонскиот кошаркарски вицешампион во женска конкуренција Бадел 1862 го постигна најголемиот клупски успех на меѓународна сцена, откако со триумф вечерва над Бановиќи од 85:55 (52:31) обезбеди пласман меѓу осумте најдобри екипи во регионалната АБА лига.

Избраничките на тренерот Перо Стамески забележаа убедлива победа на домашен терен на босанскиот противник и со скор од три победи и пет порази на две кола до крајот на натпреварите во Б групата го обезбедија четвртото место, кое носи пласман во натамошната фаза од регионалната лига.

Најефикасна во редовите на Бадел 1862 беше Александра Стојановска со 30 поени, додека Американката Кејтлин Матеу запиша „дабл-дабл” ефект со 16 поени и 11 скокови.

Во последните две кола кошаркарките на Бадел 1862 ќе играат против Пламен Пожега на гостински терен на 8 декември, а една седмица подоцна го пречекуваат Партизан.

Треба да знаете
Последни објави