Search

Кочанец сакал да поткупи со 100 евра комисија за да положи возачки испит

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против И.Д.(43) од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „давање поткуп“.

На 29.07.2020 во кругот на „Здружение на возачите“ во Кочани, пред закажан термин за полагање на возачки испит за Ц – категорија, во товарно возило сопственост на авто школа, пријавениот, на службените лица, при приложување на документи за лична идентификација, им дал и банкнота во апоени од 100 евра, со цел истите да му овозможат да го положи возачкиот испит.

Треба да знаете
Последни објави