Search

Коцијанчич: Проширувањето е процес, а крајната цел е благосостојба во Европа

Портпаролката на ЕУ, Маја Коцијанчич, денеска изјави дека според Европската комисија во текот на 2018 година била завршена огромна работа во насока на позитивни промени во Западен Балкан, а по повод критиките упатени од некои членки за оценката на Комисијата дека Албанија ги исполнила условите за отворање пристапни преговори, таа додаде дека проширувањето е просец со многу чекори, кој треба да донесе благосостојба во Европа.

„Проширувањето е процес што бара исполнување прецизни политички и економски критериуми заедно со процесот на усогласување со законодавството на ЕУ. На овој пат има многу чекори. Никој не може да каже дека се исполнети сите критериуми, но оние неопходните за следните чекори се исполнети, но тоа не значи крај на работата“, рече Коцијанчич.

Таа исто така потсети на фактот дека политиката за проширување на ЕУ е геостратешка инвестиција во мир, стабилност, безбедност и економски развој во цела Европа.

Треба да знаете
Последни објави