Search

Коцијанчич:Изборите во Албанија спроведени на мирен и регуларен начин

Портпаролката на високата претставничка за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини, Маја Коцијанчич, изјави дека локалните избори што се одржаа во Албанија во неделата, на 30 јуни, биле спроведени во контекст на политичка поделба, но генерално на мирен и регуларен начин.

Кочијанчиќ вели дека „ги земавме в предвид сите првични забелешки од шефот на мисијата за набљудување на изборите на ОБСЕ/ ОДИХР” и го повторува апелот до политичките партии под итно да се ангажираат за тно надминување на кризата.

-Новоизбраните локални органи сега треба да бидат во состојба да работат според нивните уставни надлежности, во полза на граѓаните на земјата. Како што постојано апелираме, владата и опозицијата мора да покажат политичка зрелост и итно да се вклучат во конструктивен дијалог за надминување на актуелната политичка ситуација, порачува Коцијанчич.

Посочува дека сите албански институции и политички лидери сега треба да ги фокусираат своите напори во спроведување на реформскиот процес, вклучувајќи го и продолжувањето на претходно иницираната реформа на изборната легислатива за исполнување на препораките на ОДИХР.

Набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР во првичниот извештај за изборите оцени дека гласачите биле под притисок на сите политички партии и дека во некои случаи не гласале слободно и не биле добро информирани. Шефицата мисијата, Едру Гловер ги повика политичките актери да работат во име на сите граѓани, а не само за оние кои ги поддржуваат.

Треба да знаете
Последни објави