Search

Кофинасираните специјализанти тврдат дека последната средба со Филипче ја имале пред четири месеци

Кофинансирани специјализанти, кои за утре најавија протест пред Министерството за здравство, на кој ќе го изразат своето незадоволство од условите и договорите по кои работат денеска излегоа со реакција до министерот за здравство Венко Филипче, напоменувајќи дека нивниот последен состанок бил пред четири месеци, а не пред една недела.

-Кофинансираните специјализанти се посебна група но пред се се лекари кои треба да ги уживаат истите права како и другите лекари. Нашиот последен официјален состанок беше пред 4 месеци а не претходната недела. На истиот ви ги претставивме нашите проблеми и кои истите можат да се решат со промена на ЗЗЗ. Вие побаравте правно решение од нас, кое ви го доставивме пред да се изгласаат последните законски измени во ЗЗЗ, но по се изгледа не сте го разгледале, се наведува во реакцијата.

Како причина за протестот тие го наведуваат тоа што нивните специјализации не се вклопуваат во Законот за здравствена заштита.

За протестот, кој беше најавен и на Фејсбук профилот на Здружението на лекари специјализанти – ЗЛС, министерот за здравство Венко Филипче вчера изјави дека дознал ден претходно, при што напомена дека нивното барање го смета за легитимно.

Тој потенцира дека имале работна средба, а закажана е и нова за да видат што може да се направи, затоа што, како што посочи, станува збор за потреба од измена на Закон за здравствена заштита.

Треба да знаете
Последни објави