Search

Котевски: Утврдени се пропусти, повикани на работа поголем број на затворски чувари

Директорот на КПУ „Скопје” Ѓоко Котевски изјави дека денеска се преземени нови протоколи и повикани се поголем број на затворски чувари на работа, по вчершните инциденти во кои учествуваа поранешните министри, Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, кои се во притвор за настаните во Собранието на 27 април 2017.

Тој посочи дека во моментов Јанакиевски и Ристовки се сместени во други притворски простории поточно во „Хашкиот“ дел и шетаат во друго шеталиште, а не во тие каде што се случија немилите настани. Поранешните министри вчера не шетале заедно, туку едниот во едно шеталиште, а после еден час и другиот во друго шеталиште и биле сместени во различни пављони.

Котевски повтори дека го прифаќа барањето на премиерот Зоран Заев и ќе поднесе оставка кога ќе заврши истрагата.

-Јас сум одговорен човек, професионалец, посветен на службата и кога службата ќе потрфли логично е од професионални и морални причини да се поднесе оставка, изјави Котевски денеска пред затворот во Шутка.

Посочи дека од досегашната истрага на случувањата утврдени се пропусти во постапувањето  и непочитување на стандардите безбедносни протоколи во службата за обезбедување во затворот  „Скопје”, поради што презема одговорност.

-Повторувам дека според очевидците и писмените изјави на лицата во вчерашниот настан вербалните инциденти ги започнале лицата М.Ј  и С.Р., после што биле физички нападнати.  Се разбира за сите физички насилства нема оправдување.  Тие треба секој да ги осуди, секој  од нас и затоа  треба да се преземе одговорност, рече Котевски.

Треба да знаете
Последни објави