Search

Костовски: Тие што знаеле дека ќе се затвори банката си ги повлекоа парите

Најголемиот акционер во „Еуростандард Банка“, Трифун Костовски денеска на прес конференција посочи дека сценариото се спремало, а тие кои знаеле од Народната банка дека ќе се затвори банката, си ги повлекле парите. Тој нагласи дека многу личности, веројатно знаејќи ја оваа информација дека се подготвува стечај, ги повлекле своите депозити од банката, при тоа не сакаше  да открие кои. При тоа нагласи да не се става во овој вител министерката за финансии, Нина Ангеловска бидејќи таа е стар клиент на банката.

Ова е сценарио коешто е правено со месеци наназад, за никој да не знае, само блиски до тие кругови во Народна Банка на време биле известени да си ги повлечат парите бидејќи тоа и тоа и следува на Еуростандард банка. Тоа е свесно сценарио во кое требаше да има жртвено јагне. Случувањата беа дека во текот на денот почнаа депозити да се влечат од сметки на сметки префрлување, не знаевме што се случува, за да дознаеме дека НБ имала состанок со Македонска Пошта каде процурила информација према подружниците на Пошта, рекоа Костовски.

Тој истакна дека самите ќе ја спаселе банката, но „некому ми се брзало”.

– И за нас и за клиентите ќе беше полесно Народната банка да не ликвидираше пред година дена. Бидејќи објективно условите кои денеска госпоѓата Бежовска ги навестува постоеа и пред година дена. Од кои причини не го презедоа тој чекор не знам, меѓутоа ние како семејство се нафативме дека ќе обезбедиме нови свежи средства за докапитализација на банката и до крајот на годината свежи 10 милиони евра влегоа за санирањето на лошите пласмани коишто веќе банката ги имала направено, објасни Костовски.

Тој објасни дека имале потенцијален партнер којшто можеби потрошил околу 100 илјади евра со цел да направи длабинско снимање во банката за нејзино преземање.

-За жал НБ не одвои ниту пет минути да му пружи шанса на тој инвеститор да допатува во земјава и да разговара, бидејќи ако вложи пари и ако не ја добие лиценцата тогаш за тој човек тоа се изгубени пари, рече Костовски.

Тој објасни дека не можат да дадат повеќе детали за потенцијалниот инвеститор во Еуростандард банка, нагласувајќи дека со нив пред преговорите потпишале Договор за доверливост.

-Токму пред да почне денешната пресконференција оттаму ни се јавија и не замолија да не го откриваме нивниот идентитет, а и не е коректно да откриваме повеќе, бидејќи имаме Договор за доверливост. Но, дефинитивно станува збор за сериозен можен инвеститор, рече Коста Костовски.

Трифун Костовски нагласи дека тој лично, со пари од неговото семјество, бил спремен да доплати 2,5 милиони евра, само со цел потенцијалниот инвеститор да прифати да ја купи банката и таа да се спаси од стечај, но за Народна банка не била прифатлива ни оваа понуда.

Треба да знаете
Последни објави