Search

Костески и Серафимов први стрелци по групната фаза

Македонската ракометна репрезентација за играчи до 19 години групната фаза на Светското првенство кое се одржува во Скопје ја заврши на четврто место во групната фаза на Светското првенсто, па во осминафиналето ќе се соочи со Португалија. Домаќинот Македонија по групната фаза може да се пофали дека ги има најдобрите стрелци на мундијалот.

Ненад Костески и Мартин Серафимов се прво и второпласираните на листата со најдобри стрелеци по завршувањето на групната фаза. Костески е лидер со 40 погодоци, а Серафимов заднего со постигнати 37 гола. Зад македонскиот двоец е Фарук Јусуф од нигериската репрезентација, кој има постигнато 36 гола по пет одиграни натпревари.

Треба да знаете
Последни објави