Search

Коста Петров урива рекорди – 10 издание на „Стравот“

Најчитаниот македонски автор, Коста Петров, кој веќе неколку години се наоѓа на врвот на домашните топ-листи, деновиве го доби своето рекордно 10 издание од својата втора книга „Стравот како и петнаесетто издание од „Се гледаме на врвот“, двете објавени во издание на Издавачки центар ТРИ од Скопје.
Коста Петров е автор на четири книги – „Се гледаме на врвот“, „Стравот“, „Нашето последно кафе“, „Никој не рече дека ќе биде лесно“ – кои се континуирано во фокусот на интересот на македонските читатели од сите возрасти. Тој успеа да ги надмине сите рекорди на продажба и во бројот на изданија со над 35.000 продадени примероци за само шест години.
Потврда за популарноста на Коста Петров се и признанијата за најчитан автор кои ги доделува библиотеката „Браќа Миладиновци“ од Скопје, со кои се стекна во 2015 и 2017 година. Минатиот месес, тој беше прогласен и за најчитан македонски автор на Издавачки центар ТРИ.

Треба да знаете
Последни објави