На Меѓународниот ден на младите, им се поклонувам и заблагодарувам на сите млади луѓе кои секојдневно покажуваат и докажуваат дека Македонија може да биде земја на иновации и на креативност.
Знам дека нѐ чека уште многу работа но токму вие, преку вашиот пример, ги поставувате темелите на едно ново општество. Општество во кое младите имаат јасна визија за својата земја. Општество во кое младите успеваат, создаваат, менуваат. Општество во кое младите ја гледаат својата иднина.
И да, знам дека иселувањето на младите е голем проблем но во исто време знам и дека имаме млади, кои без разлика на препреките, покажуваат дека може да се успее и оттука, од Македонија. Да се гордеееме со нив, да ги бодриме и да се научиме сите ние да им кажеме БРАВО! Бидејќи заслужуваат!
Нека ни е честит Меѓународниот ден на младите! Продолжeте да нѐ инспирирате.