Search

Коста Начевски е новиот директор на „Дрисла“

Коста Начевски е именуван за в.д.директор на градската депонија „Дрисла“ која од вчера повторно е регистрирана како јавно претпријатие и е под владение на Град Скопје.

Градоначалниот на Скопје, Петре Шилегов денеска во 14 часот ги достави документите до Централен регистер за разрешување на директорот на „Дрисла” Горан Ангеловски и го назначи Начевски за в.д. директор.

– По една година напорна работа успеавме да ја превземеме Дрисла, со ова решение завршува деветгодишната авантура на ВМРО-ДПМНЕ која ја даде депонијата на несоодветен оператор. Ќе биде назначен наскоро нов Управен и Надзоерн одбор По завршувањето на постапката ќе ги повикам сите поединци и здруженија да помогнеме да се направи анализа на досешното работење. Неповратно загубивме девет години. Прва грижа ќе биде да стане прва вистинска санитарна депонија и нејзиниот економски потенцијал да биде во служба на граѓаните, рече вчера градоначалникот Петре Шилегов.

Начевски е поранешен кандидат за градоначалник на Бутел од редовите на СДСМ.

Треба да знаете
Последни објави