Search

Костадинов: Растот на индустриското производство е доказ дека испорачаме резултати во економијата

Според официјални податоци, индустриското производство во земјава во 2018 година бележи раст од 5,4 отсто. Тоа е највисок раст во последните 7 години, рече денеска на прес-конференција, портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.

Како што кажа тој, по години уназадување и стагнација, индустријата конечно бележи значителен раст и се движи во посакуваниот правец на напредок.

„За споредба, во 2012 година на пример, во времето на ВМРО-ДПМНЕ, индустријата била во загуба од -2,5 проценти“, посочи партискиот портпарол кој кажа и дека бројот на работници во индустријата во 2018 година е за 5,9 отсто повисок во споредба со 2017 година.

Врз основа на презентираните податоци, Костадинов ги оцени економските политики на Владата како успешни и рече дека придвижувањето на државата кон НАТО и ЕУ, дава видливи, реални резултати.

Треба да знаете
Последни објави