Search

Костадинов: Процесите не се лесни и чинат рејтинг, но реформата на правосудниот систем треба да е на пиедестал

Според потпретседателот на СДСМ, Перо Костадинов македонската јавност има добра меморија и памти како било до пред пет години, во меѓувреме што се направило и каде е државата сега. Во гостувањето на ТВ24, тој повтори дека според релевантните извештаи Македонија била прогласена како заробена држава и додаде дека процесите што доведуваат до успех воопшто не се лесни.

-Процесите што се водат не се лесни и тие можат да чинат политички и партиски рејтинг, но тоа се државните цели кои мора да ги оствариме за да подоцна имаме нус-појави кои ќе бидат позитивни и ќе го кренат животниот стандард, ќе доведат до јавна администрација каква што треба, ефикасен правосуден систем, рече Костадинов.

Тој кажа дека државата денеска е членка на НАТО, спроведен е попис, односно направени се работи кои со години претходно не биле направени.

-Денеска слободата и демократијата се на повисоко ниво, дали зборуваме за слобода на граѓаните или медиумите, одговорноста е заедничка и ние имаме одговорност да се обраќаме до јавноста со дела, а не со зборови, кажа потпретседателот на СДСМ.

Според Костадинов, реформата на правосудниот систем треба да биде на пиедестал.

-Луѓето си заминуваат од државата и од нематеријалните фактори и состојби во државата. Јасно е дека во одредени сфери институциите потфрлиле и затоа велам дека тоа нема да бидат лесни процеси, но друга алтернатива немаме. Ако се договориме да имаме други стратешки цели дебатата ќе треба да биде поразлична, истакна Костадинов.

Треба да знаете
Последни објави