Search

Костадинов на Топ Тема: Протестот на ВМРО-ДПМНЕ е за спас на криминалот, таква е нивната режимска матрица

„Ништо не е променето во ВМРО ДПМНЕ, тоа е истата режимска матрица која што единствена грижа и е заштита на криминалот, заштита на криминалците, со некаков очајнички обид преку протест за неправда, што ќе го прават сакаат да се спасат, но не, нема да се спаси ниту еден.” – изјави Костадин Костадинов, портпаролот на СДСМ во емисијата „Топ тема” на телевизија Телма.

Според него, во преговорите за Законот за Јавно обвинителство, ВМРО ДПМНЕ барала „бомбите” да важат до 30 јуни 2017-та, и тоа им било прифатено, за потоа опозицијата да измисли дека законот носи скриена амнестија. Но, за среќа на државата и за среќа на граѓаните не успеа или со еден збор- ВМРО ДПМНЕ не успеа да ги спаси своите криминалци.

„На пример, член 110 од Законот за ЈО бил разговаран и амандман беше поднесен. Како сега тој член наеднаш е спорен, па сега утре ќе протестираат. Единствената фама е тоа што тие сакаат да го спасат криминалот.” – изјави Костадинов.

Костадинов зборуваше и за деструктивното однесување на опозицијата во врска со сите законски решенија со кои СДСМ има намера да го подобри животот на граѓаните.

„Поднесоа амандмани за Законот за отпис на долгови на физички лица, за отпис на долгови на јавни претпријатија, се што може да се кочи, да се опструира напредокот на Северна Македонија, којшто е видлив и  препознаен од цел демократски свет, ВМРО ДПМНЕ тоа го прави и  е тотално против се. Јас навистина се прашувам што имаат толку против граѓаните на Република Северна Македонија и против Македонците и против Албанците и против Турците, Ромите, Власите, што толку ви згрешиле граѓаните да опструирате се што е во нивна полза.”- изјави Костадинов.

Треба да знаете
Последни објави