Search

Костадинов: Мицкоски нека се подготвува за пораз на следните избори, граѓаните нема да дозволат нов Иванов ниту пак нов Груевски

Најавата на антизападното ВМРО-ДПМНЕ за бојкот на претседателските избори е потврда дека Христијан Мицкоски знае дека нема поддршка кај граѓаните и бара алиби за изборниот пораз што го чека, изјави Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник во Собранието.

„Очаен е антизападниот Мицкоски, целосно загубен во неуспехот на неговото деструктивно антизападно делување. Тој, Груевски, Иванов и Бачев не успеаја да ја блокираат иднината на Македонија во ЕУ и НАТО, беа поразени од граѓаните. Се обиде со некакви протести и собири, ги најавуваше за секоја среда и секоја недела, виде дека нема поддршка од граѓаните, ги откажа ненадејно“, рече Костадинов.

Mицкоски и неговите црнила, додаде тој, како и деструкциите на неговата партија немаат поддршка од граѓаните.

„Наместо условувања за бојкотирање на избори Мицкоски нека се подготвува за пораз на следните избори какви и да се. Граѓаните нема да дозволат нов Иванов ниту пак нов Груевски. Македонија тргна напред. Граѓаните се одлучија за напредок и интеграција во НАТО и ЕУ“, рече тој.

Треба да знаете
Последни објави