Search

Костадинов: Лицемерниот Мицкоски е пион во рацете на Груевски, ВМРО-ДПМНЕ не си ги почитуваат сопствените одлуки

Лицемерниот Христијан Мицкоски и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ денеска, повторно, по којзнае кој пат, го бранеа осудениот криминалец Никола Груевски. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во Комисијата за мандатно имунитетни прашања не гласаа за одземање на мадатот на Никола Груевски, изјави  Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник.

Се потврди она што цело време го говориме, Христијан Мицкоски е само пион во рацете на Груевски. Граѓаните видоа, Мицкоски пратениците од ВМРО-ДПМНЕ не си ги почитуваат ниту сопствените одлуки. А не поминаа ниту 24 часа. Ова покажува дека одлуките на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ не се ништо друго туку лицемерни одлуки кои во суштина се сведуваат само на лажни вести.

Во намерата да го одбранат, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ денеска тврдеа дека бегството од кривична одговорност на Груевски е оправдано отсуство. Наместо да повикаат на правда, отслужување на казната и да ги почитуваат законите.

ВМРО ДПМНЕ наместо на интересите на граѓаните и државата единствено е посветена на заштита на криминалот на Никола Груевски. Во ВМРО-ДПМНЕ нема ништо ново, бегалецот Никола Груевски од Будимпешта ја контролира партијата, дава насоки и вистински управува со неа.

На државата и е потребна конструктивна, стабилна опозиција која ќе се натпреварува со идеји, проекти и концепти, која ќе работи во интерес на граѓаните, на која државните интереси ќе и бидат пред личните, која ќе се бори за правда и нема да брани криминал. Заглавена во матрицата на Никола Груевски, ништо од тоа денес не е ВМРО-ДПМНЕ предводена од Мицкоски. ВМРО-ДПМНЕ е полоша од кога било.

Ги охрабруваме пратениците на ВМРО-ДПМНЕ добро да размислат, да се охрабрат и да се оградат од криминалната матрица на Никола Груевски и Христијан Мицкоски, и на пленарната седница која и претстои да гласаат за одземање на мандатот на бегалецот Никола Груевски.

Треба да знаете
Последни објави