Search

Костадинов: Изјавата на премиерот е во „народски“ стил

Со образложение на синоќешната изјава на премиерот Зоран Заев дека нема да дозволи да падне Владата од криминалци, суетен новинар и педери се огласија и од неговата партија СДСМ.

-Сите знаеме дека народниот речник, во народниот говор знаеме дека изразот на што алудира. Напротив ние како владејачка партија ако некоја партија навистина работела кон реализација и подобрување и овозможување на повеќе права, особено за ЛГБТИ заедницата, тоа е владата предводена од СДСМ. Знаеме што правеа претходните влади во однос на правата на ЛГБТИ заедницата, апсолутно не станува збор ниту за навреда, ниту за поттикнување со некаква цел против ЛГБТИ заедницата или против било која друга заедница, изјави портпаролот на СДС, Костадин Костадинов.

Треба да знаете
Последни објави