Search

Костадинов: Дали Мицковски сака да ги сокрие линковите на Орце Камчев

Христијан Мицкоски повторно бега од јавноста, бега од граѓаните.

Мицкоски не одговара на јавно поставено прашање: дали Орце Камчев, тајкун од режимот и обвинет во предмети на СЈО, финансирал изборна кампања на ВМРО-ДПМНЕ?

Нема одговор ниту од Игор Јанушев, потписник на сметката на партијата.

Но, видовме дека Орце Камчев, рипна да го брани, но молкот на Мицкоски, Јанушев, молкот во ВМРО-ДПМНЕ зборува многу.

Да потсетиме, исто така молчеше и кога го пршувавме за неговите средби со Зоки Кичеец, еден од осомничените во случајот познат како “Рекет”, за да на крај излезе и одговори дека всушност средба имало.

Останува прашањето: што е тоа што Мицкоски не сака да се дознае во јавноста за случајот, во јавноста познат како „Рекет”?

Дали се тоа линковите со Орце Камчев или можеби неговата улога во овој случај?

 

Треба да знаете
Последни објави