Search

Костадинов: ВМРО-ДПМНЕ не даваат одговор на прашањето дали Камчев ja финансирал изборната кампањата на ВМРО-ДПМНЕ

Пет дена молк во ВМРО-ДПМНЕ, бегаат од одговор, бегаат од јавноста, не даваат одговор на прашањето дали Орце Камчев ja финансирал изборната кампањата на ВМРО-ДПМНЕ?

Нема одговор ниту за тоа дали сите донации за кампањата на ВМРО-ДПМНЕ за претседателските избори се регистрирани и нотирани во Финансискиот извештај.

Почитувани граѓани,

Молкот на Мицкоски кажува многу.

Што крие Христијан Мицкоски поврзано со финансирањето на последната кампања, линковите со Орце Камчев, неговите донации или неговата улога во случајот познат како „Рекет”?

Нема бегање од вистината ниту од правдата.

Мицкоски мора да излезе пред јавноста и да одговори на овие прашања.

 

Треба да знаете
Последни објави