Search

Костадинов: Блиските на груевизмот кои се зад Мицковски нудат само обнова на режимот

Тимот на Христијан Мицкоски не може да понуди ништо ново што е надвор од матрицата на деструкции, блокади, насилство и поделби. Советникот Гоце Наумоски е брат на Васко Наумовски, некогашен вицепремиер за евроинтеграции и специјален пратеник на Ѓорге Иванов, во време кога државата беше заглавена во изолација.
Александар Климовски, синот на Саво Климовски, јавно на телевизија го оправдуваше насилството на крвавиот четврток.
Гордана Сиљановска и исцелителот Лазар Јовевски се веќе видени и истрошени личности кои верно му служеле на груевизмот.  Со такви ликови, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски може да се борат само за Обнова на режимот, заробената држава и груевизмот, но граѓаните тоа нема да го дозволат.

Државата е на прав пат, а нивната идеја за Обнова на режимот и заробената држава е повеќе пати одбиена од граѓаните дури 4 пати по ред во 2016, 2017, 2018 и 2019 година. И на парламентарни и на претседателски и на локални избори, но и на референдумот.

Луѓето околу Мицковски ниту се нови, ниту се проесионални. Гордана веднаш после изгубените избори си го искажа својот национализам а со тоа и лицемерноста на нејзините тврдења дека е демократ. Лажните преродби и потенцијалните обнови на криминалниот режим се стариот крив пат на Груевски и Мицкоски.

Членството во НАТО и ЕУ и обезбедување на повеќе пари кај граѓаните е правиот пат.

Треба да знаете
Последни објави