Search

Костадиновски за спорoт околу СЈО: Мора да се издигнеме над партсиките интереси

Портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов смета дека сите треба да се издигнат како политички партии над теснопартиските интереси во однос на прилично спротиставените ставови околу СЈО, особено пред добивањето на извештајот од Европската комисија и очекуваниот датум за преговори.

-Околу какви било прогнозирања за тоа дали има шанса или нема шанса, јас можам само да порачам дека треба да се издигнеме како политички партии над теснопартиските интереси во интерес на воспоставувањето на правната држава и во интерес на воспоставување на независни правосудни ограни. Сега останува на ВМРО-ДПМНЕ, имаат време до четврток додека да отпочне амандманската расправа да размислат дали навистина ќе се водат од нашите интереси за нашата европска интеграција и НАТО интеграцијата или ќе останат како што тоа го правеа и досега да бидат на страната на криминалот во обид на амнестија на сите криминалии на претходната криминална власт на ВМРО-ДПМНЕ. Социјалдемократскиот сојуз на Македонија има јасни недвосмислени принципиелни ставови во однос на правосудните органи во државата исто и во однос во законот за Јавното обвинителство, вели Костадинов.

Треба да знаете
Последни објави